spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБогданци: Покана за учество во креирање на Буџетот за 2025 година

Богданци: Покана за учество во креирање на Буџетот за 2025 година

Заедно креираме Буџет за 2025 година

Градоначалникот на општина Богданци ги повикува ѓраѓаните

Општина Богданци е во фаза на подготвување на  Буџетот за 2025 година, со цел да се овозможи поголема вклученост на граѓаните во креирање на  Граѓански Буџет за 2025 година , отворени се електронски алатки преку кои секој ѓраѓанин сопствените  предлози и идеи може да ги достави.

Општина Богданци е секогаш тука да ги проследи сите предлози  и заедно со одделенијата да го оцениме приоритетите кои ќе влезат во програмите за 2025 година.

Предлозите и идеите  од денес ќе може да се достават со пополнување на  

  1. Електронскиот анкетниот прашалник. —->линк
  2. На архивата во општина Богданци

На овој начин креираме Буџет на кој приоритетите ги одредуваме заеднички.

Истовремено Градоначалникот на општина Богданци ќе оствари средби/сесии со граѓаните по населените места, со следниот распоред:

18.11.2024 година (понеделник)

17:30 до 18:30  часот во с. Селемли  (Месна заедница)

19:00 до 20:00 часот во с. Ѓавото (во основното училиште)

19.11.2024 година (вторник)

19:00 до 20:00 часот во с. Стојаково  (во дом на култура)

20.11.2023 година (среда)

19:00 до 20:00 часот во Богданци  ( Дом на култура „Бранд Петрушев”)

Сите  Вие кои имате идеи, предлози за релизација на проекти и решавање на одредени проблеми, повелете во наведениот термин, на средба  со Градоначалникот и претставници од локалната самоуправа.

Сите реално остварливи предлози, идеи, пристигнати по електронски пат и по пошта како и од одржаните форумски сесии во наредниот период ќе бидат разгледани и интегрирани во Буџетот  за 2025 година.

Извор: Општина Богданци

Прочитајте