На 14 и 15 ноември, во рамките на Проектот на УСАИД за партнерство против корупција, Државната комисија за спречување на корупцијата и Јавното обвинителство учествуваат на дводневната работилница за разгледување на избрани кривични прашања преку практични случаи.
Работилницата овозможува простор за размена на мислења и искуства, дискусија за предизвиците и проблемите во обработката на случаи на корупција, со фокус на прибирање и оценка на доказите, и фазите на постапките, во време кога двете институции треба да се известуваат меѓусебно и да разменуваат информации за предметите.
Двете институции изразија заедничка подготвеност да работат синхронзирано во борбата против корупцијата, секојa во рамките на својата надлежност преку утврдување јасни насоки за постапување и меѓусебна размена на информации чија крајна цел е поголем број на правосилни судски пресуди во случаите на коруптивните кривични дела.