По повод 16 ноември – Светскиот ден на толеранцијата градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски порачува – “Да ги почитуваме различностите, да работиме на подигнување на свеста за почитување на човековите права, а секој во нашата заедница да придонесува за безбеден живот без физичко и психичко насилство и непочитување.”
Различностите меѓу луѓето се богатство кое треба да го негуваме!
Извор: Општина Гази Баба