Во својот работен кабинет, градоначалникот Стевчо Јакимовски му ја врачи плакетата за заслужен граѓанин на Општина Карпош на познатиот македонски писател и драматург, Братислав Димитров-Бато. Инаку, ова признание Димитров го доби во рамки на одбележувањето на 48 годишнината од основање на локалната самоуправа, за неговиот извонредно голем придонес во полето на културата и уметноста.
На денешната средба, првиот човек на Општината и реномираниот драматург Димитров, разговараа за актуелните проекти кои ги спроведува локалната самоуправа од областа на културата и уметноста. Во оваа пригода, двајцата констатираа дека државата но и локалната заедница преку конкретни активности можат значајно да придонесат за актуелизирање на драмско-литературните вредности, кои се основа за градење на културниот идентитет на една нација.
Извор: Општина Карпош