Нема запирање кога се работи за доброто и потребите на граѓаните на општина Бутел. Работна недела.
Денес започна асфалтирањето на улицата “Хо Ши Мин” со површина од 6040 метри квадратни и должина од 1032 метри.
Повеќе од 40 години оваа клучна сообраќајница никој не ја реконструирал, што е евидентно од состојбата во која во моментов се наоѓа. Оваа улица е една од најзначајните сообраќајници во општината.
Асфалтирањето на улицата е уште една потврда на ветеното и уште еден чекор кон обнова и подобрување на патната инфраструктура на општина Бутел.
Проектот се реализира во соработка со Министерството за транспорт и врски.
Градоначалникот изрази благодарност до министерот Александар Николовски за одличната соработка.
Градежната офанзива е со силна динамика.
Извор: Општина Бутел