spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБутел: Започна асфалтирање на улицата “Хо Ши Мин”

Бутел: Започна асфалтирање на улицата “Хо Ши Мин”

Нема запирање кога се работи за доброто и потребите на граѓаните на општина Бутел. Работна недела.

Денес започна асфалтирањето на улицата “Хо Ши Мин” со површина од 6040 метри квадратни и должина од 1032 метри.

Повеќе од 40 години оваа клучна сообраќајница никој не ја реконструирал, што е евидентно од состојбата во која во моментов се наоѓа. Оваа улица е една од најзначајните сообраќајници во општината.

Асфалтирањето на улицата е уште една потврда на ветеното и уште еден чекор кон обнова и подобрување на патната инфраструктура на општина Бутел.

Проектот се реализира во соработка со Министерството за транспорт и врски.

Градоначалникот изрази благодарност до министерот Александар Николовски за одличната соработка.

Градежната офанзива е со силна динамика.

Извор: Општина Бутел

Прочитајте