Во спортската сала ,,Гоце Делчев” во општина Илинден се одржува Меѓународен турнир во таеквондо на кој учествуваат 350 натпреварувачи од Македонија и соседните држави. Овој Меѓународен турнир е во организација на таеквондо клубот „Младост“, а под покровителство на Општина Илинден и Македонската Таеквондо Федерација.
На овој врвен меѓународен турнир присуствуваат градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, пратеничката Драгана Бојковска, како и големи спортски имиња од областа на боречките вештини.
Пред големиот број присутни се обрати градоначалникот Георгиевски кој ги поздрави спортистите, им посака многу среќа во натпреварите и го прогласи турнирот за отворен. Меѓу другото градоначалникот истакна дека тој е голем поддржувач на спортот и секогаш е дел од ваквите спортски случувања кои оставаат белег во спортскиот живот во општина Илинден, но и позитивен пример за афирмација и промоција на различни спортски дисциплини. Овој спортски настан ќе продолжи да се одржува и во иднина, затоа што Илинден е општина со традиција во овој спорт. Таеквондо е водечки индивидуален спорт во Македонија и мило ни е што се практикува и во нашата општина.
Таеквондо е вековна боречка вештина која со своите правила и техники е вистински психички и физички предизвик. Натпреварите се одвиваат во најдобар ред во позитивен спорски дух, а љубителите на овој спорт имаат можност да погледнат брзи и динамични борби.
Извор: Општина Илинден