spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниДемир Хисар: Се приклучуваме на кампањата „Општина на дланка“

Демир Хисар: Се приклучуваме на кампањата „Општина на дланка“

Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина на дланка“, иницијатива која има за цел да ја зголеми транспарентноста и отчетноста во локалната самоуправа преку подобрена употреба на општинските веб-страници.

Кампањата е подготвена  од Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите во соработка со Министерството за локална самоуправа.

https://youtube.com/watch?v=HiE3QGeg084%3Fcontrols%3D1%26rel%3D0%26playsinline%3D0%26modestbranding%3D0%26autoplay%3D0%26enablejsapi%3D1%26origin%3Dhttps%253A%252F%252Fdemirhisar.gov.mk%26widgetid%3D1

Нашата општина активно соработува со овој проект со цел:

    • Подобрување на управувањето со општинските јавни финансии;
    • Поефикасно планирање и извршување на буџетот;
    • Зголемување на фискалната транспарентност и отчетност;
    • Унапредување на прибирањето приходи од сопствени извори;
    • Поголем пристап до надворешни извори на финансирање;
    • Создавање услови за вклучување на приватниот сектор.

Целта на кампањата „Општина на дланка“ е да ги информира граѓаните и бизнисите за нивните права и обврски, како и да им обезбеди полесен пристап до општинските услуги.

Општина за сите!

Информации потребни за граѓаните

Информации потребни за граѓаните

Информации за бизнисите за нивните права и обврски

Информации за бизнисите за нивните права и обврски

Општина за сите!

Општина за сите!

Информации потребни за граѓаните

Во рамките на кампањата, редовно ќе ги ажурираме нашите комуникациски канали со нови информации во надлежност на општината кои ќе ги поттикнат граѓаните да учествуваат во процесите на одлучување и да бидат активно информирани за функционирањето на општината.

Ги покануваме сите граѓани и заинтересирани страни да се приклучат на оваа иницијатива и да ја поддржат кампањата, која ќе ја зголеми транспарентноста и отчетноста во локалната самоуправа.

Посетете ја веб-страницата на општината, пребарајте и добијте ги потребните информации. Вклучете се во креирање на транспарентна  општина.

Превземи pdf информатор за кампањата: „ОПШТИНАТА НА ДЛАНКА“

Извор: Општина Демир Хисар

Прочитајте

Маврово и Ростуше: Еко Тезги

0
Во понеделникот се одржа финалниот настан од проектот „ЕКО- Тезги дополнителна можност за промоција за локалните вредности и  еко производите“, каде што на локалните...