Се одржа средбата со претставниците на образовните институции на локално ниво.
За време на средбата, тие дискутираа важни прашања како опремувањето на кабинетите, училишниот инвентар и интервенциите внатре и надвор од образовните објекти.
Претставниците ги презентираа своите потреби и предлози за буџетот за 2025 година, потенцирајќи ја важноста на инвестициите во образовната инфраструктура за подобрување на квалитетот на образованието во општината.
Општината ја изрази својата подготвеност за соработка и за адресирање на овие барања во идниот буџет.
Извор: Општина Кичево