Во понеделникот се одржа финалниот настан од проектот „ЕКО- Тезги дополнителна можност за промоција за локалните вредности и еко производите“, каде што на локалните собирачи на шумски плодови и други недрвни плодови, локалните пчелари и други производители им беа поделени брендираните амбалажи и рекламен материјал финансиран од страна на проектната програма за Одржливо искористување на природните ресурси во Кораб-Коритник, Шара и Албанските Алпи, финансирана од страна на фондацијата CNVP (Connecting Natural Values and People), и PONT (Prespa Ohrid Nature Trust).
Извор: Општина Маврово и Ростуше