Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, оствари средба со новоименуваната амбасадорка на Кралството Холандија во Република Северна Македонија, Узлем Џанел.
На средбата, министерот со амбасадорката разговараа за можностите за зголемување на економската соработка меѓу двете земји. Министерот Дурмиши истакна дека фокусот на Министерството за економија и труд во следниот период ќе биде поддршката на бизнисот, странските инвестиции и пазарот на трудот за што поддршката од Холандија е од голема важност за нас.
На крајот, министерот Дурмиши се заблагодари на Холандската влада за постојаната поддршка што ја дава за Северна Македонија во аспирациите кон зачленување во Европската унија, како и поддршката за реформската агенда, а се согласивме оваа наша успешна соработка меѓу двете земји да продолжи и во следниот период со уште поголем интензитет.
Извор: Влада