spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Во тек е надзор на работењето на приватните научни институти, тие...

МОН: Во тек е надзор на работењето на приватните научни институти, тие што не работат согласно закон ќе бидат затворени

Министерството за образование и наука досега има направено надзор на 15 приватни научни институти, а во моментов се прави надзор на уште пет. Министерката за образование и наука Весна Јаневска,  при посетата на гимназијата „Славчо Стојменски“ во Штип, информираше дека има дополнително уште два институти, за кои деновиве треба да заврши процедурата и да бидат затворени.

„На десетина институти им дадовме рок од три месеци да ги поправат нерегуларностите кои беа најдени. Но, според извештаите кои ги читав, многу малку од нив ќе можат да го направат тоа. За жал морам да кажам дека веројатно следи затварање и на поголем број на институти, кои се нефукционални, не го почитуваат законот, односно не ги исполнуваат условите“, изјави Јаневска.

За високото образование и за науката во земјава е добро конечно да се воведе ред, посочи министерката, додавајќи дека секој којшто исполнува услови, ќе продолжи да функционира.

Одговарајќи на новинарско прашање што ќе се преземе во врска со лошата состојба во која се наоѓа студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје, министерката рече дека директорот на домот не си ја извршува функцијата и затоа во текот на оваа недела ќе се постави нов в.д. директор кој ќе се справи со наталожените предизвици.

„Студентите се жалат дека нема топла вода, храната е на навистина ниско ниво и не можеме да дозволиме неодговорни луѓе и понатаму да си играат со судбината на студентите. Младите се исклучително важни за оваа држава. Ние обезбедуваме средства од буџетот, од граѓаните и секој раководител мора сериозно да си ја сфати работата“, вели Јаневска.

Извор: Министерство за образование и наука

Прочитајте

Демир Хисар: Буџетски Форум за 2025 година

0
Општина Демир Хисар организира буџетски форум за урбаната и месните заедници во општината, со цел нивните предлози да бидат земени во предвид при изготвувањето...