spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаПотпретседателот и министер Стоилковиќ оствари средба со претставници на МАТУСИТЕБ

Потпретседателот и министер Стоилковиќ оствари средба со претставници на МАТУСИТЕБ

Потпретседателот на македонската влада и министер за односи меѓу заедниците, г. Иван Стоилковиќ оствари работна средба со претставници на Сојузот на турски невладини организации во Македонија (МАТУСИТЕБ). 

На средбата на која присуствуваа Тахсин Ибрахим, претседател на МАТУСИТЕБ, Мехмед Ариф, потпретседател, и Мине Караберзат, извршен директор, се отворија повеќе прашања, а во фокус на разговорот беа прашањата и предизвиците со кои се соочува турскиот народ во нашата земја. 

Претставниците на МАТУСИТЕБ ја изразија својата желба за унапредување и зајакнување на образованието на турски јазик, зголемување на застапеноста на припадниците на турскиот народ во државните институции, како и обезбедување основни јавни услуги за жителите во руралните средини каде што живее турскиот народ. 

Вицепремиерот и министер Стоилковиќ претставниците на МАТУСИТЕБ ги запозна со плановите на Министерството за односи меѓу заедниците, одосно дека веќе е направен стратешки план со кој во следната година ќе им се посвети внимание на помалите етнички заедници и воедно истакна дека неговата заложба е сите етнички заедници кои живеат во земјава да почнат да се чувствуваат како рамноправни граѓани со сите права и обврски кои произлегуваат од Уставот. 

„Согласно Буџетот за следната година предвидено е сите етнички заедници да добијат еднакви средства за одбележување на својот ден затоа што ми е важно да се нотира напредок во извештајот на ЕК во областа на почитување на правата на помалите заедници“, посочи вицепремиерот и министер Стоилковиќ во Владата на РС Македонија.

На крајот од средбата соговорниците се согласија дека важна е меѓусебната соработка и дека важно е што се има добри појдовни позиции кои ќе значат придвижување од мртвата точка. 

Извор: Влада

Прочитајте

Мицкоски: Историска голема исплата за субвенции за земјоделците е направена, како...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање, за колку пари станува збор и колку луѓе се опфатени...