Во посета на Општина Велес беа учениците од општинското средно училиште „Јовче Тесличков“. Посетата беше дел од нивната наставна програма и тие имаа можност да се запознаат со работата на општината, советот и градоначалникот.
Градоначалникот сподели дел од неговите работни навики и посочи дека нивните потреби, предлози и идеи се секогаш добредојдени.
Извор: Општина Велес