Општина Виница доби донација три високостандардизирани хидранти од Швајцарија кои ќе бидат користени од страна ТППЕ Виница и ЈП„Солидарност“ Виница, со цел решавање на дел од проблеми со кои се соочуваат граѓаните на Општина Виница.
Донатор на овие хидранти е швајцарската фирма Hinni Ag,Gewerbestrasse 18, 4105 Biel-Benken (BL), www.hinni.ch чиј што Генералниот Директор е Bolle Michel François и Директор на Servis Centar Sever,Frank Zbinden.
Донацијата е добиена благодарение на добрата соработка, организираност и посветеност на нашиот сограѓанин Марјан Спасовски Бато, кој работи како техичар за теренски сервис Servis Centar Sever, во швајцарската компанија Hinni AГ.
Компанијата Hinni AГ ќе донира вкупно 6 хидранти, од кои 3 веќе се пристигнати, а 3 ќе бидат донирани во текот на 2025 година.Вредноста на оваа донација се зокружува на вкупно 24.500 CHF.
Градоначалникот на Општина Виница Миле Петков, директорот на ЈП „Солидарност“ Игор Спасов и командирот на противпожарната единаица Виктор Димитров, во име на граѓаните на Општина Виница изразуваат голема благодарност на фирмата Хинни АГ за оваа донација.
Извор: Општина Виница