spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДКСК: TAIEX студиска посета во Службата за специјални истраги на Република Литванија

ДКСК: TAIEX студиска посета во Службата за специјални истраги на Република Литванија

На 17 и 18 ноември, делегација од Државната комисија за спречување на корупцијата учествуваше на студиска посета во Службата за специјални истраги на Република Литванија, преку инструментот на Европската комисија за техничка поддршка и размена на информации (TAIEX).

Тема на студиската посета беше: Практики за организација и реализација на надлежностите – спроведување на дата аналитика во борба против корупцијата.

На дводневната студиска посета, на претставниците на Државната комисија за спречување на корупцијата им беа презентирани искуствата на Службата за специјални истраги во областа на аналитичкото антикорупциско разузнавање, начинот на спроведување, опсегот и дијагностичкото истражување, анализа на големи податоци, развивање на аналитичка инфраструктура со помош на вмрежување на интегрирани бази на податоци и анализа на информации од различни јавни и приватни извори, ИТ решенија, тактичка аналитичка поддршка за тековни истраги, аналитичка поддршка во планирање, координација и управување на истраги, проактивна детекција на ризици од корупција и можни корупциски активности, како и пристапот за мониторинг на имплементацијата на Антикорупциската стратегија.

Стекнатите искуства, Државната комисија за спречување на корупцијата ќе ги искористи во унапредување на аналитичките алатки врз основа на докази и податоци, како и во обезбедување на подобро информиран процес на стратешко планирање во борбата против корупцијата.

Извор: Државна комисија за спречување на корупцијата

Прочитајте

АФПЗРР: Соопштение за исплата на органско производство за 2023 година

0
 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата кон 811 лица со вкупен износ 61.219.350,00 денари за мерката Органско производство за 2023 година. Корисници...