spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиУЈП: Обврска е на сите трговци да ги прикажат попустите за Black...

УЈП: Обврска е на сите трговци да ги прикажат попустите за Black Friday на фискалните и при секоја трансакција да издадат сметка

Во пресрет на најавениот Black Friday викенд, Управата за јавни приходи упатува препорака до сите даночни обврзници кои ќе применуваат попусти на цените на своите производи и услуги истите да ги изразат и наведат при издавање на сметката, односно, пресметаниот данок на додадена вредност да биде наведен во сметката со новосоздадената цена.

Даночните обврзници кои вршат промет на добра и услуги а за кои плаќањето се извршува готовински, должни се да поседуваат фискален систем на опрема (ФСО), задолжително да издаваат фискални сметки при вршење на продажба и промет и на видно место, да постават соопштение со кое го информираaт купувачот на доброто за неговата обврска да побара фискална сметка.

Потрошувачите на добрата, односно корисниците на услуги при купување должни се да побараат фискална сметка и истата да ја чуваат по напуштањето на местото на прометот на доброто, заради контрола.

Секој граѓанин има право и обврска да ги пријави недисциплинираните даночни обврзници кои не ги исполнуваат своите обврски и не издаваат фискални сметки.

Ова може да го направат преку :
Е-пошта: info@ujp.gov.mk или на
Телефонските броеви:
• 📞 Од фиксна линија: 0800 33 000
• 📞 Од мобилен телефон: 02 3253 200
• 📞 Пријави неправилност: 198

Не дозволувајте да бидете само набљудувачи — бидете активни учесници во создавањето на пофер економски систем!

Извор: Управа за Јавни Приходи

Прочитајте

Радовиш: Интернационалната награда за поезија „Ацо Караманов“ доделена на руската поетеса...

0
На меѓународната поетска манифестација „Караманови средби“ според програмата беше свеченото отварање во Музејот на љубовта и уметноста и доделувањето на наградата „Караманов 2024“. Наградите „Караманов...