Месецот ноември, кој веќе е познат како месец на празниците кај Албанците, Агенцијата за примена на јазикот на РСМ го одбележа со значајна активност односно со организирање на Научната конференција „Јазик и етничка припадност“. Оваа конференција се одржа во амфитеатарот на Универзитетот на Југоисточна Европа во Скопје, каде што учествуваа значителен број лингвисти и историчари од Северна Македонија, Албанија и Косово, како Беќир Мета, Аслан Хамити, Хисен Матоши, Маренглен Верли, Сабит Сила, Фехари Рамадани, Ќерим Лита, Хаџи Адеми, Севдаил Демири кои со своите говори се осврнаа на различни прашања поврзани со националниот идентитет на Албанците, албанскиот јазик како знак на идентитет, азбуката и правописот на албанскиот јазик, со првите училишта на албански јазик, со образовна, научна и културна соработка, со улогата на албанскиот јазик во однос на националната свест и друго.
На оваа научна конференција присутни беа, првиот вицепремиер на РСМ Изет Меџити, министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, градоначалникот на општина Чаир во Скопје, Висар Ганиу, различни советници, претставници на Амбасада на Република Косово во РСМ, вработени во Агенцијата за примена на јазикот, новинари, студенти и друго.
Вицепремиерот Изет Меџити ги поздрави учесниците на конференцијата со говор во духот на поддршка и благодарност за работата на тимот на АПЈ, како важна мисија тесно поврзана со историјата и културата на албанскиот народ. Меѓу другото, тој истакна дека и покрај предизвиците, јазикот е еден од најмоќните фактори што ги обединува Албанците и го штити нивното културно наследство.
Исто така, поздравен говор имаше и директорот на Агенцијата за примена на јазикот на РСМ Гранит Османи. Покрај него, учесниците на оваа конференција ги поздрави и Фатмир Лимани, министер за социјална политика, демографија и млади.
Научната конференција „Јазик и етничка припадност“ заврши со објавување на книгите на Мал Бериша, поранешен амбасадор на Албанија во Обединетото Кралство, како и со промоција на книгата на педагогот Бардил Мусаи.
На крајот, директорот на АПЈ, Гранит Османи, во знак на благодарност за научниот придонес што го дале во областа на изучувањето и афирмацијата на албанскиот јазик, на учесниците на конференцијата им врачи признание со логото АБЦ.
Извор: Агенција за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните