-Годинава има одличен одѕив за бесплатна вакцинација против сезонски грип за ризичните групи население. Досега пријавени 75.712 лица и се вакцинирани над 66.674 граѓани. Ова е рекорден број пријавени и вакцинирани лица, кои сакаат да се заштитат од посериозни компликации од грип, истакна заменик министерот за здравство, Јовица Андовски на денешната прес-конференција.
Апел до граѓаните кои се пријавиле за вакцинација, но заради некоја причина не добиле смс порака и не дошле на закажаниот термин да се обратат кај својот матичен лекар, каде ќе добијат инфо за пунктот за вакцинација и времето кога да дојдат да се вакцинираат.
Извор: Министерство за здравство