spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Николовски да не се понижува на прес конференција, времето на кризи...

МЗШВ: Николовски да не се понижува на прес конференција, времето на кризи во земјоделството заврши со негова смена

Љупчо Николовски без срам излезе на прес конференција да говори за предлог Буџетот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

На прес конференцијата покажа едно непознавање како поранешен министер за предлог Буџетот.

Упорно говори дека е намалена Програмата за рурален развој, за потсетување Програмата ја донесува Влада, а ова е предлог Буџет.

Во Програмата која ќе се донесе ќе бидат креирани мерки кои ќе бидат насочени кон земјоделците вклучувајќи ги и младите за кои што поранешниот министер ништо не направи.

За потсетување во Програмата за рурален развој кога тој беше министер предвиде 14.200.000,00 денари од кои 14.000.000,00 денари беа за заостанати обврски. За младите за кои што толку се грижи во Програмата за рурален развој истиот предвиде 200.000,00 денари.

Повторуваме програмите ќе се креираат соодветно на потребите на земјоделците.

Да го потсетиме поранешниот министер дека земјоделците во негово време се соочуваа со ниски откупни цени, неисплаќање на субвенции. Токму во негово време земјоделските производи завршуваа на буниште зашто тој немаше доволно време да го слушне гласот на земјоделецот.

Преку ребаланс на Буџетот се обезбедија дополнителни 1.252.000.000 денари со кои што пет месеци ги исплаќаме заостанатите субвенции кон земјоделците за период од 2020-та, 2021, 2022, 2023-та и 2024-та година.

Му порачуваме на Николовски да престане да ги понижува и манипулира земјоделците. Времето на лаги и хаос заврши.

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...