Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денеска присуствуваше на поставување на камен темелник за изградба на детска градинка во рамките на постојната ЈДГ ,,8 Март” во Општина Кисела Вода.
По настанот одговарајќи на новинарско прашање, од кога ќе може да се користат евтините банкарски кредити, кои се договорени со банките и под кои услови, информираше:
„Да после оној договор којшто го имаме со неколку од банките навистина јас сум би рекол задоволен од одговорноста на поединци и свесноста за тешката состојба во којашто македонската економија се наоѓа во моментот. Имајќи предвид дека уште пред изборите зборувавме дека како Влада ќе обезбедиме итн. Ние нашето си го направивме обезбедивме заедно, со дел од банките навистина историски најниска каматна стапка од 1,95 проценти. Под услови до три години грејс период, значи тука ќе се плаќа само каматната стапка и до 15 години рок на отплата, бидејќи има компании коишто сакаат рокот на отплата да биде пократок, да не биде толку долго. Така што оставивме простор и го вметнавме она зборче ‘до’ и мислам дека е тоа добро за економијата, имајќи предвид дека обврска на компаниите и е најмалку дваесетина проценти од проектот од сопствени средства да го финансираат.
Значи станува збор за 300 милиони евра, кога на тоа ќе се додадат уште пола милијарда, 500 милиони евра коишто ги реалоцираме од Буџетот кон општините и оние проекти коишто Министерството за животна средина и Транспорт беа закочени, тоа се 800 милиони. Имајќи предвид дека е проектиран бруто-домашниот производ на 16 милијарди станува збор за 5 проценти од бруто домашниот производ, средства којшто очекувам да бидат инвестирани ова и следната година. Тоа е алатката со која што ќе се бориме против евентуалната економска криза поради кризата во автомобилската индустрија во Европа, нормално. Од аспект на енергетските ресурси мислам дека тука е оптимална состојбата и дека тука оваа зима ќе ја поминеме без поголеми потреси и би рекол пореметувања на пазарот.
Така што оние два реални проблеми коишто ги антиципиравме коишто можат оваа зима и пролет да бидат проблеми мислам дека подготвени ќе ги пречекаме. Ова е жива материја, проблеми има секој ден, решаваме тековно, но овие беа оценети како главни приоритети за решавање. Мислам дека како Влада нема да бидат сведоци граѓаните на оние слики коишто беа во минатото кога во 5 до 12 се бараат ад-хок решенија па тие не чинат многу скапо изнудени решенија итн.
Подготвени го пречекуваме сето ова и можеби сме први во регионот ако не и во Европа. Тоа што сме помали, помалубројни тоа значи понекогаш и предност така што мислам дека многу брзо се, се адаптиравме на ова и мислам дека подготвени ќе го ќе го пречекаме сето ова. Така што би сакал уште да сумирам, ова што вие го поставивте кога прашање сите компании коишто ќе инвестира во средства за работа односно основни средства, тие ќе бидат подржани со овој проект. Максималниот износ на проектот ќе биде до 10 милиони евра. Што значи од тие 10 милиони, би требало, 20 проценти минимум да е сопствена инвестиција што значи дека до 8 милиони евра ќе бидат финансирани од, од овој проект. Тука се опфатени објекти коишто се од обновливи извори на енергија, онаму каде што ќе се инвестира, таму нели, сите ние сме за онаа зелена транзиција се боревме што поскоро да ги постигнеме целите имајќи предвид дека планот за раст тоа и го наметнува и сме први во регионот иако како влада последни почнавме во многу работи и први ќе ја добиеме траншата.
Така што и исто така оние коишто ќе инвестираат во административни простории за сопствени потреби не да инвестираат, па да ги препродаваат туку за сопствени канцелариски простори административни итн. во склоп на производниот погон и слично. Така што еве уште еднаш ќе ги повикувам компаниите да подготват добри издржани проекти, план добар, бизнис план навистина претставува атрактивно сето ова вие да добиете осум милиона по каматна стапка од 1,95 проценти, до 8 милиона зборуваме тоа значи дека годишно ќе треба да плаќате до 160.000 евра камата и три години да ги работите парите.
Јас мислам дека имаме многу успешни и вредни би рекол претприемачи, коишто сакаат да се развиваат и ја искористат оваа можност, а тоа ќе значи подобра економија. Подобра економија значи посилна држава, а посилна држава, значи дека и нашиот дом повеќе ќе вреди. Ако државата ни е слаба, осиромашена, понижена, засрамена, тогаш и нашиот дом помалку ќе вреди. Така што се бориме практично преку ваквите политики акции за нашиот дом и тоа е она коешто го правиме како Влада.“, објасни премиерот Мицкоски.
Извор: Влада