Министерот за правда Игор Филков оствари средба со претседателот на Здружението на новинари на Македонија , Младен Чадиковски и претседателот на Европската федерација на новинари Рикардо Гутиерез
Тема на разговорот беа предизвиците поврзани со слап тужбите и потребата од измени на Изборниот законик со цел да се обезбеди фер и транспарентен изборен процес.
Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски истакна дека овие тужби претставуваат закана за слободата на изразување и работата на медиумите и побара да се преземат мерки за нивно превенирање од аспект на правно регулирање, едукација на судии и јавни обвинители.
Министерството за правда останува посветено на заштитата на слободата на изразување и унапредувањето на демократските процеси а соработката со Здружението на новинари ќе продолжи и во периодот кој следи.
Извор: Министерство за правда