spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Со ДИЖС започнаа со вонредни инспекциски надзори без најава на инсталациите...

МЖСПП: Со ДИЖС започнаа со вонредни инспекциски надзори без најава на инсталациите со А-ИЕ Дозволи

Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Државниот инспекторат за животна средина, согласно усвоениот Акциски План за краткорочни мерки за намалување на емисии на загадувачки супстанции во воздухот  на Владата , започна со  вонредни инспекциски надзори без претходна најава  на инсталации со А Интегрирана еколошка дозвола.

На 29 ноември, во периодот од 18:30 до 23.30 часот, од страна на 3 тимa составени од државни инспектори за животна средина и  стручни лица од Управата за животна средина при Министерството извршија надзор на 11 инсталации од кои Макстил, Цементарница, Те-То, ЕСМ Топлана Исток-ЕСМ ТопланаЗапад, ЕСМ Когел и Либерти Македонија се во работен режим, ЕСМ Енергетика, БАУЕР и ЈП Улици и Патишта-не работеа при надзорот., додека Скопски легури не работи повеќе години. 

При инспекциите се изврши контрола на режимот на работа на инсталациите, емисиите во амбиенталниот воздух и  фрекфенцијата на мерење.

На посетените инсталации им се дадоа препораки, во рамки на активностите за зголемување на општествената одговорност, да  ги зголемат зелените површини што дополнително влијаат на подобрување на квалитетот на водухот.
Дел од нив веќе имаат преземено бројни активности во овој правец.

Вонредните инспекциски надзори без претходна најава продолжуваат согласно утврдена динамика на територијата на целата држава, а информации за надзорите ќе бидат дополнително споделени.

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте

Кисела Вода: Организирана акција за садење дрвца

0
Во духот на грижата за животната средина и создавање поздрава животна средина за идните генерации во oпштина Кисела Вода се спроведе голема акција за...