Општина Гази Баба денес беше домаќин на работилница организирана од страна на Националниот Демкратски Институт (NDI) чија цел беше почеток со реализација и промоција на проектот “Заедници со интегритет” кој се реализира преку Швајцарската програма за соработка во Македонија.
Градоначалникот Бобан Стефковски изрази посебно задоволство што Гази Баба е една од шесте општини во Македонија во која оваа програма ќе се реализира.
Градоначалникот Стефковски на работилницата истакна дека во почетокот на 2022 година, по неколку месеци од мандатот со цел испитување на јавното мислење по однос на проблемите кои ги имаат граѓаните, беше спроведена теренска и телефонска анкета на која најголем дел од граѓаните, очекувано ги истакнаа своите проблеми од областа на патната и комуналната инфраструктура. Но неочекуван ни беше процентот на граѓани кои ја истакнаа корупцијата како проблем во локалната самоуправа, што е показател дека граѓаните ја имаат загубено довербата во институциите, а тоа е последица на изневерени очекувања и не казливост кон сите оние кои на било каков начин се огрешиле пред Законот.
Пред нас имавме релевантен резултат за тоа дека граѓаните немаат доверба во институцијата и се сомневаат во корупција, формиравме работна група во општината кога интензивно работеше на подготовка на мерки и активности.
Во соработка со претходниот состав на Државната комисија за спречување на корупција ја започнавме кампањата “Не молчи – пријави корупција” за што отворивме 24 часовна телефонска линија, емаил адреса и назначив лице од мојот кабинет задолжено за прием на пријави. Овие можности ги ставивме на целосно располагање на граѓаните.
Дополнително за прв пат изготвивме и политика на интегритет на Општина Гази Баба која ја доставивме до надлежните институции на системот.
По спроведувањето на кампањата “Не молчи – пријави корупција” веќе на следното испитување на јавното мислење, корупцијата како проблем од високото второ место, бележеше пат на 7-то место на табелата.
За нас почетокот на крајот на зборот корупција во државните институции лежи во спроведување на постапката за целосна дигитализација на улугите кон граѓаните.
Дигиталната технологија е една од најважните алатки за воспоставување мост помеѓу институциите и граѓаните, како и зголемување на ефикасноста на работењето на државните институции и нивната отчетност кон граѓаните.
Колку побрзо успееме да ги дигитализираме институциите, толку побрзо ќе ја одземеме силата на поединците.
Општина Гази Баба ја отворивме за граѓаните, а домашните и меѓународните организации станаа наши партнери.
Извор: Општина Гази Баба