Градоначалникот Бобан Стефковски заедно со учениците во дворот на ООУ Вера Јоциќ засадија нови садници, кои ги обезбедивме како донација од Националната агенција.
Оваа активност се реализира во рамките на Зелената агенда и континуирата борба со климатските промени.
Целта на активноста која Општина Гази Баба ја спроведе во соработка со Националната агенција е едукација на учениците за одговорно однесување кон животната средина преку програмата Еразмус +.
Грижата за животната средина е наша обврска!
Извор: Општина Гази Баба