spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Никола Радоњанин го освои првото место на Државното првенство во шах

Карпош: Никола Радоњанин го освои првото место на Државното првенство во шах

Ученикот од ООУ „Лазо Трповски“ Никола Радоњанин го освои првото место на Државното првенство за основни училишта во шах (во категорија за ученици од шесто до деветто одделение), кое се одржа на 28 ноември годинава во Ресен. Во оваа возрасна категорија годинава на првенството се натпреваруваа досега најголем број натпреварувачи, вкупно 60, а деветтоодделенецот го освои првото место без загубена партија.

Организатор на првенството е Федерацијата на училишен спорт на Македонија, а во рамки на првенството согласно пропозициите, основецот Никола беше предводен од својот наставник-ментор Стефан Симовски.

Инаку Никола Радоњанин годинава успешно учествуваше на неколку силни шаховски турнири, и тоа: во септември на Меѓународниот шаховски турнир „Езерска кралица“ во Охрид освои прво место во возрасната категорија 14 години; на Скопје Опен 2024 го освои второто место во возрасната категорија 14 години. Во март годинава на турнирот Карпош Опен, младиот Радоњанин е прогласен за најдобар шахист, жител на општина Карпош.

Извор: Општина Карпош

Прочитајте

Карпош: Доделена Парична помош за 203 Лица со попреченост

0
Во организација на Одделението за детска, социјална и здравствена заштита од Општина Карпош, по повод одбележување на Меѓународниот Ден на лицата со попреченост (3....