Мицкоски од Брисел: Владата останува фокусирана на реформите, подготвени сме да разговараме за се што е принципиелно за државата и граѓаните, но ултиматуми не прифаќаме
Добровечер од Брисел,
Денеска овдека сме да ја испратиме онаа порака која што до сега ја испраќавме, а тоа е дека македонската Влада останува фокусирана на реформи, останува фокусирана на обезбедување подобри услови за живот на македонските граѓани и нормално наша главна цел останува да биде полноправно членство на нашата Македонија во рамките Европската Унија. Денеска имав можност да остварам две билатерални средби. Едната е со госпоѓата Марта Кос којашто е новиот комесар за проширување и господинот Антонио Кошта којшто е новиот претседател на Европскиот Совет. И на двете средби во исклучително пријателска, и би рекол срдечна и конструктивна атмосфера разговараме за сето она што ние досега го имаме поминато како предизвик во минатото, за сето она кое што ние требаше и се откажавме во името на европските вредности, но истовремено ги реафирмиравме нашите ставови дека ултиматуми не прифаќаме, дека сме подготвени да разговараме и подготвени сме да разговараме онолку колку што е потребно за да најдеме начин како да го отвориме првиот кластер, брзо да го поминеме тој процес на преговори и да станеме земја членка во Европската Унија.
Остануваме посветени на обезбедување подобар живот за нашите граѓани, а како дел од таа агенда е и нашата целосна инспирација да бидеме дел од европското семејство.
Извор: Влада