spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМП: Трета стручна дебата за измени и дополнувања на Законот за Судски...

МП: Трета стручна дебата за измени и дополнувања на Законот за Судски совет

Во Апелациониот суд во Штип се одржа третата тркалезна маса за потребата од измени и дополнувања на Законот за Судскиот совет. Ова е само еден од неколкуте настани за консултации кои Министерството за правда во соработка со проектот ,,Поддршка на ЕУ за владеење на правото “ планира да ги организира, со цел да се обезбеди транспарентен и инклузивен процес кој ќе придонесе кон унапредување на законската рамка која го уредува работењето на Судскиот совет.

Државниот секретар на Министерството за правда, Дајанчо Ефтимов, во своето обраќање рече дека после сите случувања во Судскиот совет, неопходно е да се преземат мерки за имплементирање на препораките од Оценската мисија.

,, Независноста на судството е еден од најважните столбови на секоја држава. Притоа, Судскиот совет е клучниот орган за нејзиното гарантирање. Токму затоа, исклучително внимание се посветува на работата и функционирањето на овој орган. Донесувањето на Закон за изменување и дополнување на Законот за Судскиот совет е дел од активностите и на клучните стратегиски документи: Планот за раст и на Развојната секторска стратегија за правосудството 2024 – 2028 година. На ова законско решение подолг период има работено работна група составена од судии, членови од Судскиот совет и претставници од науката. Ставовите, мислењата и предлозите за понудените законски решенија ќе бидат од особено значење при дефинирањето на конечните законски одредби”, рече Ефтимов.

Заклучоците и препораките од тркалезната маса ќе бидат основа за понатамошно подобрување на текстот на измените и дополнувањата на Законот за судскиот совет.

Извор: Министерство за правда

Прочитајте

Мицкоски: Изминатите 6 месеци како Влада покажавме дека може да се...

0
Почитувани, Тука сме да покажеме дека како Влада отчетноста и транспарентноста се наш приоритет, и така ќе продолжиме да функционираме. Нормално веќе шести месец како Влада...