Кик-боксерите Бобан Илиоски и Стефан Михајловски, и двајцата од Аеродром, освоија злато и бронза на неодамнешното Европско сениорско првенство што се одржа во Атина.
Илиоски е европски сениорски шампион и го понесе пехарот, а Михајловски се закити со бронзен медал на овој значаен спортски настан.
В. д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, на денешната средба со нив им додели благодарници и им посака уште многу успеси, а честитки им упати и на нивните тренери со кои работат посветено и неуморно.
Илиоски и Михајловски со своите достигнувања се успешен пример за младите генерации и покажуваат дека патот до успехот е поплочен со труд, истрајност и огромна љубов кон нивниот спорт.
Извор: Влада