Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Арбен Фетаи, учествуваше денес на Самитот ЕУ-Западен Балкан, организиран во Брисел од „Friends of Europe“. Фетаи дискутираше за предизвиците и перспективите на регионот, во панел модериран од Џејми Шеа, поранешен заменик генералниот секретар на НАТО, фокусиран на зајакнување на соработката и забрзување на европската интеграција на земјите од Западен Балкан.
Во своето обраќање, заменик-претседателот Фетаи го истакна ангажманот на Владата на Република Северна Македонија за враќање на довербата на граѓаните во институциите, со посебен акцент на реформите во правосудството и борбата против корупцијата. Фетаи ги истакна приоритетите на Владата во рамки на Реформската агенда, особено зајакнувањето на независноста на правосудството, борбата против организираниот криминал и корупцијата, како и владеењето на правото, како основи за одржлив развој на земјата и благосостојба на граѓаните.
Учеството на заменик-претседателот Фетаи на Самитот ЕУ-Западен Балкан ја одразува посветеноста на Република Северна Македонија за напредување на патот кон Европската унија и за придонесување во зголемување на регионалната соработка кон оваа цел.
Извор: Влада