spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Асфалтирање на локалниот пат Кадино – Мралино

Илинден: Асфалтирање на локалниот пат Кадино – Мралино

Општина Илинден интензивно работи на подобрување на патната инфраструктура. Во рамки на програмата за Реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта извршено е асфалтирање на локалниот пат Кадино – Мралино во должина од 500 метри, како и воспоставен систем за одведување на атмосферските води од коловозот на локалниот пат.

Како што истакна градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски ова е капитална инвестиција предвидена во стратешкиот план за развој на Општина Илинден 2022-2026. Дополнително во наредниот период ќе се гради примарна фекална канализација покрај локалниот пат и доградба на пешачката патека во должина на целата улица.

Со реконструкцијата на оваа улица се овозможуваат подобри услови за граѓаните со што значително ќе се придонесе за поголема безбедност на учесниците во сообраќајот, пешаците и велосипедистите. Исто така се подобрува секојдневната комуникација на граѓаните од овие населени места со административниот дел на Општината и значително се намалува времетраењето на патување до нивните работни места.

Извор: Општина Илинден

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...