spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЕП: Успешни приказни – ИПАРД II и ИПАРД III Програмите во Република...

МЕП: Успешни приказни – ИПАРД II и ИПАРД III Програмите во Република Северна Македонија

Република Северна Македонија е една од најуспешните земји во користење на ИПАРД фондовите.  На денешниот четврти состанок на ИПАРД Мониторинг комитетот ДГ АГРИ ги сподели следниве компаративни податоци:  

Спроведувањето на ИПАРД II Програмата (2014-2020) во сите земји (Албанија, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Турција) завршува на 31 декември 2024 година.  Во Република Северна Македонија на крај на третиот квартал од 2024 година од вкупно 60 милиони евра доделени од Европска унија за оваа програма, извршени се ЕУ исплати во износ од 47.735.412 евра со што e постигната исклучително успешна стапка на искористеност од 79,6% на доделените средства.  Стапката на искористеност на ИПАРД II средствата од страна на Република Северна Македонија е подобра од стапката на искористеност на Албанија (59,1%), Црна Гора (72,2%) и Србија (49,1%) а послаба единствено од онаа на Турција (96,5%).

На 29 ноември 2023 година Република Северна Македонија ја потпиша прва пред останатите четири земји  Спогодбата за финансирање на ИПАРД III Програмата (2021-2027), со вкупно доделени средства од Европска унија во износ од 97 милиони евра. Досега земјата е акредитирана да спроведува четири мерки од оваа програма – 1, 3, 7 и 9 без дополнителни услови.  Со тоа бележи напредок во однос на Албанија која нема потпишано Спогодба за финансирање и не е акредитирана за ниту една мерка, од Црна Гора која е акредитирана за три мерки условно и од Србија која е исто така акредитирана за четири мерки, но условно. Турција пак за споредба има најголем број на акредитирани мерки вкупно 6 без услови.

До сега во рамките на ИПАРД III Програмата во Република Северна Македонија се објавени три јавни повици за поднесување барања за доделување средства од кои два се веќе затворени (еден за мерките 1 и 7, и еден за мерката 3).  Третиот јавен повик за мерка 7 е отворен за поднесување барања до 20 декември 2024 година. Четвртиот јавен повик за мерка 1 е во подготовка.  Со тоа земјата има остварено подобри резултати во објавување јавни повици за ИПАРД III Програмата од Албанија која нема објавено ниту еден јавен повик, Србија која има објавено и затворено два јавни повика, а послаби резултати од Црна Гора која има објавено четири повици (од кои три се затворени), и Турција која има објавено пет повици (од кои три се затворени).  До сега Република Северна Македонија бележи континуиран напредок во спроведувањето на програмата во поглед на бројот на јавни повици, поднесени барања и склучени договори.

Извор: Министерство за европски прашања

Прочитајте

Бутел: Започна асфалтирањето на една од најголемите улици во Визбегово, улица...

0
Ветувањето пред граѓаните на Визбегово се реализирам со забрзана динамика.Денес започна асфалтирањето на една од најголемите улици во Визбегово, улица 1.Улица 1 заедно со...