Министерот за правда, Игор Филков,заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и претставникот на УНХЦР Габриел Гуалано де Годој,го посетија прифатниот транзитен центар Винојуг – Гевгелија, каде што одржаа состанок и остварија средба со барателите на азил и вработените во центарот.
На состанокот беше разгледана нашата посветеност кон Глобалниот форум за бегалци за подобрување на статусот и операционализација на бесплатната правна помош на барателите на азил,СОП за постапување со лица кои патуваат во мешани миграциски движења во судските постапки за азил, преводот и толкувањето, унапредување на нивниот статус како и итна потреба за решавање на правниот статус во прифатните транзитни центри.
Министерството за правда останува посветено на обезбедување бесплатна правна помош за сите лица кои бараат азил во нашата земја.
Барателите на азил имаат право на фер постапка и на правна заштита, а нашата цел е да им го овозможиме тоа преку ефективен и хуман пристап. Обезбедувањето бесплатна правна помош е клучен чекор во заштитата на нивните права.
Прифатниот центар Винојуг, кој функционира како важен дел од националниот систем за управување со миграцијата, обезбедува привремено сместување и поддршка за лицата кои ја бараат меѓународната заштита. Министерот информираше дека во соработка со невладини организации и меѓународни партнери, Владата ќе работи на унапредување на условите и пристапот до правна помош.
Ова не е само национална, туку и глобална обврска. Република Северна Македонија, како земја која се стреми кон европските вредности, ќе продолжи да биде солидарна и праведна кон оние на кои им е потребна заштита.
Извор: Министерство за правда