Заменик министерката за транспорт, Калтрина Зеколи Шаќири, денеска се обрати на работната средбата на работниот комитет за изработка на Националната развојна стратегија на тема: Патна инфраструктура и железница.
Во рамките на работната средба на Работниот комитет, на кој присуствуваше и Генералниот секретар на Владата Игор Јанушев, амбасадорот на Република Словачка, Хенрик Маркуш и претставници на УНДП, Заменик министерката ја истакна важноста на стратешките инфраструктурни проекти кои се од клучно значење помагаат во за регионалната поврзаност и кои имаат за цел да го подобрат пристапот на Македонија кон европските и глобалните пазари.
Во своето обраќање Заменик министерката Зеколи Шаќири истакна дека унапредувањето на локалната инфраструктура останува еден од главните приоритети на Министерството за транспорт.
“ Развиена транспортната инфраструктура е еден од најважните предуслови за одржлив развој и регионална поврзаност, но исто така, претставува предуслов и за рамномерен регионален развој, внатре во земјата. Имено, безбедна и модерна патна инфраструктура и електрифицирана и дигитализирана железничка мрежа се исклучително важни за подобрување на поврзаноста и поттикнување на трговијата и регионалната интеграција.
Оттаму, инвстирањето во патната и железничката инфраструктура, не само на главната мрежа на двата главни Коридори 8 и 10, туку и на магистралната и локалната мрежа, подразбира пристапна инфраструктура во сите населени места, како и до производните, земјоделските и индустриските капацитети во земјата. Нашиот стремеж е поттикнување на модерни и добро поврзани градови и рурални области со развиена и издржлива инфраструктура, кои ги адресираат и специфичните потреби. Со еден збор, влог во подобра мобилност, подобра поврзаност, поголеми можности за инвестирање и развој на државата.’’ – истакна заменик министерката за транспорт, Калтрина Зеколи Шаќири.
Извор: Министерство за транспорт