Министерството за животна средина и просторно планирање и Државниот инспекторат за животна средина согласно Акцискиот план реализираа повторен вонреден ненајавен инспекциски надзор над работата на правниот субјект Цементарница Усје, Групација ТИТАН.
Во фокусот на овој вонреден инспекциски надзор беше проверка на емисиите во воздухот од три стационирани извори (емитери) во кругот на фабриката.
Дел од надзорот беа и претставниците на Одделението-Централна лабораторија за животна средина при Управата за животна средина кои извршија индикативно мерење на емисии од емитерите, кои дополнително ќе бидат анализирани и во текот на наредната недела ќе бидат објавени резултатите.
Министерството за животна средина и просторно планирање и Државниот инспекторат за животна средина и во наредниот период интензивно ќе продолжат со оримената на мерките од Акцискиот план, кои на предлог на Работната Група составена од претставници на МЖСПП и ДИЖС ги донесе Владата, за краткорочни мерки за намалување на емисиите на загадувачки супстанции на воздухот.
Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање