Во просториите на АФПЗРР се одржа состанок со директорот Илија Стоилев, раководители од секторите за Ипард со делегацијата од DG AGRI од EU Commission Vincent Cordonnier и Zigo Rutkovskis во рамките на мониторинг комитетот. Покрај тоа што Македонија е лидер во западен Балкан по искористеност на ИПАРД програмата меѓу другото на состанокот се дискутираше за спроведување на ИПАРД програмата каде беше презентирана последната состојба со имплементација на истата.
Покрај изнесените податоци на состанокот беше дискутирано по однос на човечкиот капацитет, просторните услови на агенцијата како и планираните активности за надминување на состојбите во насока на акредитација на нови мерки. Исто така беше дискутирано во однос на софтверското решение за ИПАРД кое е финансирано од страна на ЕУ делегација како и планот за објавување на јавни повици во 2025 година.
Извор: Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој