spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАХВ: Спроведени вонредни контроли во кујните на основни и специјални училишта во...

АХВ: Спроведени вонредни контроли во кујните на основни и специјални училишта во Скопје

При минатонеделните спроведени вонредни надзори во 36 училишни кујни  во основни и специјални училишта на територија на град Скопје, инспециските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) најдоа само една кујна која не е регистрирана во АХВ. За утврдената недоследност, изречена е прехршочна санкција и наредено е итно регистрирање.

Со контролите, утврдени се недостатоци во поглед на неозначена и неселектирана храна, како и оштетени работни површини во 4 училишта, за што се издадени решенија со мерки за отстранување на недостатоците.

Во рамки на контролите, земени се примероци од храна и брисеви за микробиолошка анализа. Од земените примероци храна, по извршените лабораториски тестирања, утврдено е дека сите задоволуваат во однос на микробиолошките критериуми. Од земените брисеви само во едно училиште лабораториските тестирања детектираа незадоволителни резултати, за што од страна на инсопекциските служби на АХВ издадено е решение со мерки.

Агенцијата за храна и ветеринарство продолжува со  спроведување на вонредни инспекциски контроли кај операторите со храна на територијата на цела држава, со акцент контролите во кујните во училиштата и установите каде се згрижуваат граѓани од ранливите категории, каде контролите ќе се спроведуваат континуирано.

Извор: Агенција за храна и ветеринарство

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...