spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДКСК: Одбележување на Меѓународниот ден за борба против корупцијата

ДКСК: Одбележување на Меѓународниот ден за борба против корупцијата

Државната комисија за спречување на корупцијата, денес, по повод одбележувањето на Меѓународниот ден за борба против корупцијата, заедно со партнерите од Проектот на УСАИД за партнерство против корупцијата и Проектот „Заедници со интегритет“, финансиран од Владата на Швајцарија, имплементиран од Националниот демократски институт, организираше свечен настан во Собранието на Република Северна Македонија. На настанот, воведни обраќања, покрај претседателката на ДКСК, г-а Татјана Димитровска имаа и г.Африм Гаши, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Н.Е.Вероник Улман, амбасадорка на Швајцарија, г.Бен Нупнау, заменик шеф на Делегацијата на Европската унија и г-а Џери Дајбл, директорка на УСАИД.

Претседателката на ДКСК Татјана Димитровска, во своето обраќање, истакна дека меѓународниот ден за борба против корупцијата потсетува на сериозните последици што корупцијата ги носи за општествата ширум светот. Воедно, тој претставува повик за зајакнување на заедничките напори и посветеност во спречувањето на нејзиното разорно влијание.

Меѓународниот ден за борба против корупцијата не е само ден за подигнување на свеста, туку и повик за конкретна акција. Тој нè потсетува дека заедно имаме моќ да изградиме општество во кое корупцијата нема место, каде ресурсите се насочени кон доброто на сите граѓани, и каде што секој има еднаква шанса за напредок, додаде претседателката Димитровска.

Истакнувајќи ја одличната соработка со Државниот завод за ревизија, Јавното обвинителство, Финансиската полиција и сите други клучни институции кои играат значајна улога во борбата против корупцијата, таа нагласи дека ова партнерство претставува основа за ефективна и координирана акција.

Претседателката Димитровска изрази благодарност на претставниците на меѓународната заедница, кои ги препознаваат напорите на ДКСК за зајакнување на интегритетот во институциите на национално, локално и судско ниво. „Меѓународната заедница претставува наш важен партнер во напорите да достигнеме високо ниво на независност, професионализам и дигитализација, што ќе биде основа за успех на кој сите ќе бидеме горди“ потенцираше претседателката на ДКСК.

Г. Африм Гаши, претседател на Собранието, истакна дека ова е моментот кога треба да рефлектираме кон нашите напори за изградба на поодговорно општество. Тој се осврна и на унапредување на работата на полето на дигитализацијата: „Во оваа насока, заедно со невладините организации ги идентификувамве клучните пречки во процесот на дигитализација, за креирање на нови дигитални системи кои ќе ја подобрат отчетноста и пристапот до информации“.

Н.Е.Вероник Улман, амбасадорка на Швајцарија, истакна дека повеќе од две декади Швајцарија ги поддржува напорите на Северна Македонија за зајакнување на демократијата и доброто управување, преку заедничка работа со државните институции и невладиниот сектор, политичките партии и медиумите, и вклучување на граѓаните. „Во текот на годините, постигнат е одреден напредок, но пред нас остануваат значителни предизвици и промени“, истакна Н.Е.Вероник Улман. Таа порача дека Швајцарија ги зајакнува напорите во поддршка на борбата против корупција, токму преку новиот проект на општинско ниво за заедници со интегитет, спроведуван од НДИ.

Г.Бен Нупнау, заменик шеф на Делегацијата на Европската унија, истакна дека борбата против корупција е континуиран процес, поддржан од сите и во секое време. „Сега е на Владата, на Парламентот, на општините и институциите да постапат согласно со реформите“, истакна тој.

Г-а Џери Дајбл, директорка на УСАИД, истакна дека повеќе од 30 години Владата на САД стана партнер со Република Северна Македонија за заеднички да се бори против штетните ефекти на корупцијата, и додаде дека транспарентноста и отчетноста остануваат на врвот на нивните приоритети. „Меѓутоа, мора да признаеме дека системите и стратегиите сами по себе не се доволни; мораме да продолжиме бидејќи слушаме загриженост од граѓаните за тоа како коруптивните пракси продолжуваат поради тоа што така отсекогаш било. Граѓаните бараат отчетност и реформи, а за да ги примениме тие, мора да култивираме однесување на нулта корупција“, истака таа.

Во рамките на панел дискусијата која беше дел од настанот, свои видувања во однос на клучните активности и предизвици во градење на систем отпорен на корупцијата изнесоа претседателката на ДКСК Татјана Димовска, г.Љупчо Пренџов, ко-претседавач на Меѓупартиската парламентарна група за борба против корупцијата, г.Максим Ацевски, главен државен ревизор, г.Елвин Вели, јавен обвинител во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, г.Златко Перински, министер за локална замоуправа, г-а Даниела Рендевска, претседател на Инспекцискиот совет, г-а Маре Богева – Мицовска, директор на Бирото за јавни набавки и г-а Снежана Камиловска – Трпковска од Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата.

На крајот на настанот, претседателката Татјана Димитровска, од името на ДКСК упати искрена благодарност до сите присутни институции како и на сите партнери кои активно учествуваат во напорите за спречување на корупцијата, нагласувајќи дека Државната комисија за спречување на корупцијата останува посветена на својата мисија да обезбеди транспарентност, отчетност и интегритет во јавните институции.

Извор: Државна комисија за спречување на корупцијата

Прочитајте

Кисела Вода: Домаќин на престижниот предизвик на FIRST LEGO League

0
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вчера го отвори интернационалниот настан FIRST LEGO League Challenge, еден од најпрестижните STEM натпревари во светот, поддржан од УНЕСКО, кој престојува...