Се известуваат граѓаните на Општина Брвеница дека ова е последен повик за да ги подмират долговите во однос на Данок на имот и Комунална такса пред извршување на присилна наплата. Со цел да не се создадат дополнителни трошоци за обврзниците кои не ги подмириле своите обврски, во постапка се пристапува на присилна наплата, како и да се избегнат непотребни одговарања кои ќе произлезат од блокадите во банките, се ПОВИКУВААТ сите граѓани да го подмират долгот по основ на данок на имот и комунална такса во најкус рок.
Извор: Општина Брвеница