spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
Home@дминистрацијаМДТ: Андоновски го посети новиот Центар за услуги во општина Јегуновце

МДТ: Андоновски го посети новиот Центар за услуги во општина Јегуновце

Вчера министерот за Дигитална трансформација, Стефан Андоновски, заедно со Градоначалникот на Општина Јегуновце, Димитар Костадиноски, ја посетија новата канцеларија за административни услуги за која пред неколку месеци беше потпишан и Меморандум за соработка помеѓу двете институции.

“Денес во Општина Јегуновце го посетивме новиот Центар за услуги – наменет за жителите на Јегуновце и сите околни населени места. Со новиот Центар, околу 10.000 жители на Јегуновце и околината ќе имаат можност брзо и ефикасно да ги завршат своите административни потреби на едно место, без непотребни чекања и губење време. Овде ќе бидат достапни услуги од различни институции како Агенцијата за вработување, МВР, Фонд за здравство, Централен регистар, Управата за јавни приходи, и многу други”, истакна Андоновски. 

Во контекст на чекорите кои оваа Влада ги презема во насока на подобри, поефикасни и подостапни услуги за сите граѓани посочи дека ова е еден од начините кој ќе им овозможи на грaѓаните побрз пристап до административните услуги, без да одат од една до друга институција.

“Нашата цел не е само да отвораме нови објекти, туку истите да ги доближиме до граѓаните. Тоа ќе овозможи поедноставен и побрз пристап до сите административни услуги. Идејата е во иднина преку платформата за интероперабилност и дигитализацијата на регистрите, прифаќањето на електронските документи од институциите – граѓаните да можат да завршат се што им е потребно на едно место, без да трчаат од институција до институција.” 

Тој додаде дека во минатото се отвoрале и центри кои не го дале посакуваниот ефект, a тоа го покажува и ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија. Но, и дека со подобра организација и соодветно лоцирање на ваквите центри граѓаните ќе имаат корист од истите.

“Минатото покажа дека центри како овие не беа секогаш ефикасни. Но, со подобра организација, соодветно лоцирање на центрите и обуки за службениците, ќе им помогнеме на граѓаните и за услугите на шалтер, и за користење на електронскиот портал. Со отворањето на оваа канцеларија во Јегуновце, граѓаните добиваат побрз и поедноставен пристап до услуги, се намалуваат бирократските процедури и административните трошоци и времето поминато во патување во Тетово или Скопје. Ова е само почеток. Ветуваме дека ќе продолжиме да работиме неуморно за секој граѓанин, во секое село и секој град. Целта е јасна, администрација што навистина работи за граѓаните, со ефикасност, транспарентност и достапност “, заклучи министерот Андоновски.

Извор: Министерство за Дигитална Трансформација

Прочитајте

МДТ: Андоновски – Во нашата визија нема простор за корумпирана држава,...

0
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски учествуваше на Конференцијата „Партнерството помеѓу бизнис секторот, институциите и граѓанските организации во борбата против корупцијата", организиран од...