spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМДТ: Андоновски и Рокас ја презентираа програмата Дигитална Европа пред граѓаните на...

МДТ: Андоновски и Рокас ја презентираа програмата Дигитална Европа пред граѓаните на Општина Тетово

Министерот Стефан Андоновски учествуваше на трибина во ЕУ инфо куќата во Тетово, организирана во соработка на Министерството за дигитална трансформација со Делегацијата на Европската Унија. На настанот присуствуваше и шефот на Делегацијата на ЕУ, амбасадорот Михалис Рокас. На трибината се дискутираше за тековните проекти за дигитална трансформација и плановите за интеграција со дигиталните системи на ЕУ, а особен акцент беше ставен на програмата Дигитална Европа.

“Би сакал оттука да ја потенцирам програмата “Дигитална Европа”. Со импресивен буџет од 7,5 милијарди евра, го отцртува стратешкиот пристап на ЕУ кон дигитализацијата, а нам, како институции, приватен сектор и граѓански организации, ни отвора исклучителни можности во четири клучни области достапни за нас: вештачка интелигенција, суперкомпјутери, проекти за напредни дигитални вештини, како и за напредни дигитални технологии.” истакна министерот Андоновски

“Oсобено сум горд што неодамна потпишавме Грант договор со Европската Унија за основање на нашиот прв Национален центар за побезбеден интернет – MkSafeNet. Овој проект, реализиран во рамките на програмата Дигитална Европа, е инвестиција во безбедноста на нашите деца и во градењето на доверба во дигиталното општество.” дополни Андоновски.

Министерот во своето обраќање пред присутните напомена и дека владата активно работи на процесот за граѓаните да имаат дигитални лични карти и возачки дозволи по примерот на Украина.


“Исклучителен фокус, како Министерство ставивме и на воведувањето на дигитални лични карти и возачки дозволи преку ID Wallet системот – технологија која е веќе стандард во најразвиените европски земји. Паралелно со тоа, интензивно работиме на неколку законски текстови што се поврзани со овие процеси. Веќе на претходната седница на Владата, донесовме заклучок за потпишување на Грант договорот, кој е втор наш проект во рамката за Дигитална Европа. Преку овој проект, ќе ја обезбедиме Супер Апликацијата ДИИА од Украина за македонските граѓани. Тоа ќе значи подостапни услуги преку мобилен телефон и електронски лични документи достапни насекаде.”

Министерот ја искористи приликата и ги повика граѓаните да ги користат можностите кои што ги нуди програмата Дигитална Европа и да аплицираат со свои проекти.

“Со отпочнувањето на трите проекти, во вкупна сума од 10тина милиони евра, ние сме подготвени максимално да ги искористиме овие можности за забрзан дигитален развој на нашата држава, создавајќи нови можности за нашите граѓани и компании.
Денес би сакал да ја искористам приликата да ги поттикнам малите бизниси, граѓаните во граѓанските организации и институциите, и тие да ги искористат можностите од програмата Дигитална Европа.” заврши министерот Андоновски.

Извор: Министерство за Дигитална Трансформација

Прочитајте

МЖСПП: Меџити ја претстави „Планската програма за почист воздух 2025-2030“

0
Министерството за животна средина и просторно планирање денеска ја презентираше Програмата за почист воздух  за периодот 2025 – 2030.   Програмата е изработена во 8 сегменти, и за секој од нив се предвидени и...