ВК Вардар Ветерани му додели плакета на градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски во знак на благодарност за големата поддршка што ја дава на овој спорт, а особено за поддршката за организацијата на годинешниот традиционален Mеѓународен турнир во ватерполо за ветерани (над 35 години) „13 Ноември – Скопје“, што се одржа во базенот на СЦ Борис Трајковски.
На турнирот, покрај домашната екипа учествуваа екипи од Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора, а освен претставници од поранешна Југославија, на турнирот учествува и екипи на ватерполисти-ветерани, кои доаѓаат од Грција, Бугарија, Турција, Словачка, Јапонија и Велика Британија. Првото место и пехарот го освоија ВК Вардар Ветерани.
Извор: Општина Карпош