spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМДТ: Андоновски - Околу 95 милиони денари за филмот за Тоше Проески

МДТ: Андоновски – Околу 95 милиони денари за филмот за Тоше Проески

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во утринското гостување на МТВ најави дека по иницијатива на премиерот Христијан Мицкоски, МДТ ќе одвои 95 милиони денари за снимањето на филмот за Тоше Проески. Министерот истакна дека ова е еден од најзначајните проекти кој ќе го одбележи животот на најголемата современа македонска ѕвезда.

“Идејата потекна од МРТВ и копродукции од Македонија и Балканот, но секако инспирацијата, иницијативата, главно ја предводеше претседателот на Владата Христијан Мицкоски, и во координација со министерството за култура и со  министерството за финансии, во експресно брза постапка се обезбедија средства”, истакна Андоновски.

Ќе се снимаат игран филм, документарец и ТВ-серија посветени на нашиот Тоше Проески. Носител на проектот е Македонската радио-телевизија, копродукциски ќе бидат вклучени неколку национални телевизии од Балканот, а финансиските средства ќе бидат обезбедени од буџетот на Македонија преку Министерството за дигитална трансформација.

“Проектот ќе го ко-финансираме со повеќе од 95 милиони денари, во копродукциски формат и мислам дека ова ќе биде нешто на кое што ќе се гордееме наредните 2 години, прво во подготовката, во снимањето ќе биде искуство за сите нас. Се радувам на тоа што оваа Влада еден од првите чекори што ги прави во првите шест месеци е нешто вакво, да се одбележи, да се остави печат за идните генерации, славејќи ја најголемата македонска музичка икона – ангел чувар на македонската нација”, заклучи Андоновски.

Извор: Министерство за Дигитална Трансформација

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...