spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЕТ: Дурмиши и Стојкоски - Расте бројот на производи во „Новогодишната кошница...

МЕТ: Дурмиши и Стојкоски – Расте бројот на производи во „Новогодишната кошница “намалувањето на цените е и над 10%, акцијата се почитува кај сите чинители

Како што можевме да видиме денеска на полиците во маркетите се означени производите со пониски цени кои се дел од Новогодишната кошница. Кај некои од производите намалувањето е и повеќе од 10%. Задоволство ми е да кажам и дека континуирано расте бројот на производи вклучени во Новогодишната кошница и достигна 1098, а расте и бројот на маркети и дистрибутери кои се вклучени во оваа акција. Бројот на маркети достигна 42, производи на намаление во новогодишната кошница доставија 95 производители и дистрибутери.

Листата не е затворена, очекуваме уште производи да бидат ставени на оваа листа, се со цел сите заеднички да им излеземе во пресрет на граѓаните“ кажа министерот за економија и труд Бесар Дурмиши при денешната обиколка на дел од маркетите кои се вклучени во акцијата „Новогодишна кошница„ заедно со заменик министерот за економија и труд марјан Ристески и директорот на Државниот пазарен инспекторат Влатко Стојкоски.

„Задоволство ми е што за кратко време успеавме да ја реализираме оваа акција која очекуваме да даде поголем резултат од есенската кошница. Во есенската кошница беа опфатени 73 групи на производи, а сега се 1098 производи, очекуваме дека ефектот од Новогодишната кошница да биде поголем“ потенцираше Дурмиши.

Пазарниот инспекторат е на терен и проверува дали се почитува акцијата како што беше предложено од самите производители, дистрибутери и трговци.

„Во овие пет дена Државниот пазарен инспекторат регистрира ситни забелешки во смисла на означувањата и ситни корекции на цените кај два-три трговски субјекти. Не се забележани неправилности во поголеми размери. Можам да заклучам дека сите чинители во овој процес го почитуваат договореното. Мониторингот што го спроведе ДПИ пред стартот на акцијата,  покажа дека серозно се почитува договорното и трговците на дело покажуваат општествена одговорност.  И  според Законот за заштита на потрошувачите како Пазарен инспекторат имаме право и ја контролираме најниската цена во последните 30 дена, односно на најниската цена минимум 10 проценти намалување. Го контролираме тоа, во тек сме и немаме некакви драстични разлики“ кажа директорот Стојкоски.

Акцијата „Новогодишна кошница“ е на предлог на компаниите и зголемувањето на општествената одговорност.

Граѓаните може да пријават неправилности во Државниот пазарен инспекторат на бесплатниот телефонски број 191 или на веб страната www.dpi.gov.mk доколку забележат дека производите од Новогодишната кошница не се намалени и обележани на рафтовите на маркетите.

Извор: Влада

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...