Во пресрет на новогодишните празници кога сите се подготвуваат да го прослават празничниот дух, особено е важно да бидеме солидарни и да ги поддржиме сите ранливи категории, особено оние кои се наоѓаат во институционални рамки.
Министерот за правда Игор Филков го посети ВПД Волковија и одблиску разговараше со штитениците и вработените во домот подарувајќи им симболични подароци и посакувајќи им здравје, среќа, спокојство и успеси во процесот на нивна ресоцијализација, рехабилитација и реинтеграција во општеството.
Установата ги исполнува сите европски стандарди за сместување и работа со деца кои биле во судир со законот. Посветеноста на вработените кон процесот на воспитување дава надеж дека ќе им помогнеме на децата да го избегнат ризикот од понатамошни деликти и социјални проблеми.
Наша задача е да продолжиме заедно да градиме праведна и еднаква заедница каде сите ќе имаат шанса за среќен и достоинствен живот а секое дете ќе се чувствува заштитено, почитувано и поддржано.
Извор: Министерство за правда