Во пресрет на 21 декември, Денот на настава на турски јазик денеска во просториите на Министерството за односи меѓу заедниците се одржа пригодна свеченост која со своето присуство ја збогатија претседателот на Владата г. Христијан Мицкоски, амбасадорот на Република Туркије во Скопје, Н.Е. Фатих Улусој и Тахсин Ибрахим, претседaтел, на Сојузот на турски невладини организации во Македонија (МАТУСИТЕБ).
Свое обраќање имаа претседателот на Владата Христијан Мицкоски и потпретседателот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, кои ја потенцираа важноста од негувањето на мајчиниот јазик, како и меѓусебната почит и поддршката, како дел од мултикултурниот и мултиетничкиот мозаик што заеднички го градиме.
Со своето присуство и пригодна програма настанот го збогатија и учениците од OOУ „Страшо Пинџур“ од Карбинци, заедно со подрачните училишта од с. Прналија и с. Радање, кои ги запознаа присутните со традицијата и обичаите на Јуруците како дел од турскиот народ во Македонија.
Наставата на турски мајчин јазик во земјава има долга традиција, и датира од далечната 1944 година кога во основното училиште „Тефејуз“ во Скопје се направени првите чекори.
Во чест на Денот на настава на турски јазик, но и претстојните новогодишни празници Министерството за односи меѓу заедниците за дечињата учесници во програмата обезбеди и пригодни подароци.
Hека е честит 21 декември – Денот на настава на турски јазик.
Извор: Влада