spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЕ: Меморандум за соработка со Молдавија за процесот на ЕУ интеграција

МЕ: Меморандум за соработка со Молдавија за процесот на ЕУ интеграција

Во рамки на работната посета на Република Молдавија, министерот за европски прашања, Орхан Муртезани во Кишинев оствари средба со Заменик претседателката на Владата на Република Молдавија, задолжена за евроинтеграција, Кристина Герасимов. Во фокусот на разговорот беа билатералната соработка и заедничката амбиција за напредок на патот кон ЕУ, со што се зајакнуваат врските преку заемна поддршка и соработка.

Муртезани и Герасимов се осврнаа на тековните процеси за пристапување во ЕУ на Северна Македонија и Молдавија, при што беше ставен акцент на предизвиците и можностите во усогласувањето на националните политики со европските стандарди. Исто така, беа раземенети мислења за клучните приоритети на реформите, особено оние поврзани со зајакнувањето на институциите, унапредувањето на доброто владеење и поттикнувањето на економскиот развој.

Министерот Муртезани ја подвлече важноста на солидарноста и стратешките партнерства меѓу земјите кандидати и аспиранти од Западен Балкан и Источна Европа. Соговорниците се согласија дека унапредувањето на регионалната соработка и размената на добри практики се клучни за обезбедување континиуран напредок кон членството во ЕУ. Муртезани ја поздрави проактивната улога на Молдавија во промовирањето на европските вредности и ја потврди подготвеноста на Северна Македонија да ја продлабочи оваа соработка преку конкретни активности и иницијативи.

Средбата беше заокружена со потпишување на Меморандум за соработка помеѓу Владите на Северна Македонија и Молдавија, којшто поставува основа за редовна размена на искуства и најдобри практики во преговарачкиот процес со Европската Унија, како и за јакнење на капацитетите на институциите во двете земји. Оваа соработка ќе се фокусира на областите како што се европската легислатива, управувањето со фондовите на ЕУ и јакнење на институционалната ефикасност, со цел подобрување на спроведувањето на реформите и подготвеноста за интеграција во Унијата.

Извор: Министерство за Европски Прашања

Прочитајте

МЕП: ЗМЕП Трајков – Со нулта толеранција кон корупцијата до подобар...

0
Заменик министерката за европски прашања Викторија Трајков учествуваше на конференцијата за „Фундаментални вредности на ЕУ- соочување со нови предизвици во контекст на проширувањето“.  На конференцијата...