spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЕП: ЗМЕП Трајков - Со нулта толеранција кон корупцијата до подобар квалитет...

МЕП: ЗМЕП Трајков – Со нулта толеранција кон корупцијата до подобар квалитет на живот и економски развој

Заменик министерката за европски прашања Викторија Трајков учествуваше на конференцијата за „Фундаментални вредности на ЕУ- соочување со нови предизвици во контекст на проширувањето“. 

На конференцијата се дискутираше за клучните реформи во областа на владеењето на правото, транспарентноста и отчетноста, кои се основа за успешна интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската унија.

Доцент д-р Трајков учествуваше на втората панел  дискусија на тема  „Управување со новите иницијативи на ЕУ за Западен Балкан: Клучни реформи за иднина без корупција“

Посебен акцент беше ставен на новите иницијативи на ЕУ насочени кон зајакнување на институциите, подобрување на антикорупциските механизми и градење доверба во јавниот сектор. Преку програми за обука, поддршка на независните регулаторни тела и инвестиции во дигитализација, се создаваат услови за општества со нулта толеранција кон корупцијата. Овие напори не само што го забрзуваат европскиот пат, туку придонесуваат и за економски развој и подобрување на животниот стандард.

Заменик министерката Трајков ги истакна заложбите на државата во овие области и ја нагласи важноста на соработката со Европската унија, граѓанскиот сектор и меѓународните партнери за приближување до европските стандарди.

Беше подвлечена важноста на кластерот 1 „Фундаментални вредности“, кој ги опфаќа поглавјата 23 – Судство и фундаментални права, 24 – Правда, слободи и безбедност, како и поглавјата 5 – Јавни набавки, 18 – Статистика и 32 – Финансиска контрола. 

Дополнително, беше разгледана и состојбата со функционирањето на демократските институции, реформите во јавната администрација и исполнувањето на економските критериуми, како клучни фактори за успешен напредок кон Европската унија.

Извор: Министерство за Европски Прашања

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...