spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЕП: ЗМЕП Трајков со порака до Македонците во Србија - Вие сте...

МЕП: ЗМЕП Трајков со порака до Македонците во Србија – Вие сте мостот на пријателство меѓу двете земји

Заменик министерката за европски прашања, доц. д-р Викторија Трајков, присуствуваше и се обрати на свеченото одбележување на 20-годишниот јубилеј од формирањето на Националниот совет на Македонците во Србија, кое се одржа во Нови Сад.

Во својот говор, Трајков го нагласи значењето на Националниот совет за зачувување на македонскиот јазик, култура и национален идентитет, изразувајќи благодарност за придонесот на Советот во зачувување на традицијата и поттикнување на меѓусебната соработка меѓу Македонците и српските граѓани.

„Вие сте мост меѓу двете држави и двата народа, кои отсекогаш биле блиски и пријателски. Вашата улога во зачувувањето на македонскиот јазик, култура и идентитет е од огромна важност и секогаш можете да сметате на поддршката од Република Северна Македонија,“ истакна Трајков.

Таа особено ги поздрави активностите на македонската заедница во Србија, кои вклучуваат издавање книги, емисии на македонски јазик и воведување на изборниот предмет „Македонски јазик со елементи на националната култура“, кој се изучува повеќе од една деценија.

Трајков ја искористи можноста да изрази благодарност до Република Србија за поддршката на правата на македонската заедница, истакнувајќи дека ова претставува пример за почитување на малцинските права кој треба да го следат и другите соседи.

Посетата на Нови Сад ја потврди посветеноста на нашата држава  за зајакнување на добрососедските односи и поддршка на македонската заедница во дијаспората.

Извор: Министерство за Европски Прашања

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...