spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЕТ: Министерот Дурмиши дел од „Зајакнување на идните генерации: Улогата на...

МЕТ: Министерот Дурмиши дел од „Зајакнување на идните генерации: Улогата на економското образование во одржливиот развој”

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, учествуваше на еднодневната конференција, насловена „Зајакнување на идните генерации: Улогата на економското образование во одржливиот развој“, што ја организира Институтот Либерална алтернатива како дел од Програмата за економско образование со поддршка на Иницијативата за економски основи од САД.

Главната цел на проектот е да помогне во подигнувањето на стандардите на економското образование во Северна Македонија, особено кај младите луѓе, главно средношколци и студенти. Но, програмата има за цел да ги вклучи сите засегнати страни во насока на подобрување на економското образование на населението што ќе резултира со посовесни граѓани. За таа цел, ЛАИ соработуваше со локални и меѓународни партнери за да го максимизира влијанието на проектот, користејќи ја експертизата на партнерите во нудењето образовни проекти и нивното разбирање за локалната оперативна средина.

Министерството за економија и труд ги стави сите капацитети и услуги во функција на одржлив економски развој, на поддршка на компаниите да се соочат со големите промени, како и на директна поддршка на малите и средни компании во однос на подготовка на кадри и зајакнување на нивните капацитети не само развојно, туку и технолошки. Министерот Дурмиши ги охрабри младите претприемачи, студенти, средношколци, бизниси да инвестираат во економско образование бидејќи за многу кратко време инвестицијата не само што ќе ја претворат во профит, туку ќе создадат финансиска економска навика базирана на образование. Инвестирањето во образованието води до капитални и развојни инвестиции кои ќе ја унапредат домашната економија и ќе го променат животниот стандард на граѓаните.

Извор: Влада

Прочитајте

МЖСПП: Пресек на реализираните активности на проектот „Подобрување на отпорноста кон...

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска учествуваше на завршниот состанокот на Управниот одбор на повеќегодишниот проект „Подобрување на отпорноста кон...